Бахреин прв спаринг партнер на Македонија на „Жолтиот Куп“

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има вториот тест пред Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со селекцијата на Бахреин, предводена од новиот селектор Роберт Хедин.
Лазаров во Швајцарија поведе 19 ракометари, а веројатно на турнир „Жолтиот Куп“ шанса да добијат ќе добијат сите.
Мечот се игра од 20:30 часот, додека претходно од 18:00 часот турнирот ќе го отворат домаќинот Швајцарија и Украина.
Вечерва исто така свои настапи ќе имаат и селекциите на Португалија и Данска, кои се наши противници во групата во Хернинг, а играат со Египет и Норвешка.