Бајчетиќ заминува од Салцбург и се сели во Шпанија
Според шпанските медиуми, Стефан Бајчетиќ остатокот од сезоната ќе го игра како позајмен од Ливерпул во Лас Палмас.
Бајчетиќ во моментов игра на позајмица во Салцбург, но наводно Ливерпул ќе го повлече од таму и ќе го прати во Лас Палмас.
Причина за оваа промена е што шпанскиот фудбалер со српско потекло не е стандарден првотимец во Салцбург.
Покрај Лас Палмас, за него интерес имаше и од Хетафе.
20-годишниот Бајчетиќ кој потекнува од школата на Селта. Има настапи за селекцијата на Шпанија до 18 и 21 година.