Бекам: Време е Манчестер Јунајтед да добие нови сопственици
Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам, тврди дека доаѓа времето во кое клубот од Олд Трафорд, мора да добие нови сопственици.
Семејството Глејзери во чија сопственост е клубот од Манчестер, пред извесен период најавија дека ја разгледуваат опцијата да го продадат клубот и дека бараат потенцијални инвеститори.
До крај беа решени да одат само двајца, Сер Џим Ратклиф од Британија и Шеикот Јасик од Саудиска Арабија, две страни кои понудија нешто повеќе од 5 милијарди фунти, но на таквите понуди, семејството Глејзер остана воздржано.
Но сега и Дејвид Бекам во интервју за медиумите, тврди дека настапува време во кое продажбата на Манчестер Јунајтед е неизбежна работа.
„Ќе се случи наскоро продажба на Манчестер Јунајтед, смена на сопственичката структура. Сите добро знаат дека јас сум фан на клубот од Олд Трафорд и ги знаат моите ставови околу целата ситуација. Растев со тој клуб, со повеќе играчи и со еден ист тренер. Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде еден од најголемите светски клубови“, порача Британецот.