Бекам го купи Интер Мајами за „ситно“, а клубот сега вреди скоро милијарда!
Eфектот на Лионел Меси се гледа откако објави дека пристигнува во Интер Мајами, клубот каде што еден од сопствениците е Дејвид Бекам.
Пред објавата дека Меси ќе потпише за Интер Мајами овој клуб на социјалните мрежи имаше околу 900 илјади слдбеници сега таа бројка е на 6.5 милиони. Слично влијание имаше Меси и во ПСЖ кога се пресели пред две години, клубот од Париз од спонзори и продажба на дресови поради Меси заработи околу 700 милиони евра.
Еден од најзаслужните за доаѓањето на Меси во Интер Мајами секако е Бекам, а приказната започна уште во 2018 година. Бекам доби награда на 25-годишнината од МЛС лигата и тогаш доби честитка од Меси кој му кажа да го побара за неколку години. Очигледно Бекам тоа го послуша и сега Меси е играч на неговиот клуб.
Кога пристигна во МЛС лигата, Бекам еден од условите кои ги побара беше дозвола да купи клуб за 25 милиони долари, а тоа го направи по завршувањето на кариерата во 2014 година. Клубот официјално беше претставен во 2018 година, првиот натпревар го одигра во 2020.
До тогаш вреднсота на клубот порасна на 857 милиони долари, доаѓањето на Меси, инфлацијата во САД и останатите фактори сигурно ќе придонесат за уште поголема вредност која сигурно ќе надмина милијарда долари.