Бекам: Се надевам дека Роналдо ќе остане во Јунајтед
Легендарниот фудбалер, Дејвид Бекам, се осврна на ситуацијата во Манчестер Јунајтед и за иднината на Кристијано Роналдо кој пред сезоната се врати кај „црвените ѓаволи“ но, не успеа да ги однесе до врвни резултати.
„Се надевам дека ќе остане во Јунајтед. Сите знаеме што значи Кристијано за фановите. Ова беше тешка сезона со многу подеми и падови. Бев на „Олд Трафорд“ и стадионот беше полн, секое место беше пополнето. Тоа значи дека фановите се уште веруваат во тимот“, вели Бекам.