Бекер: Новак го издржуваше моето семејство додека бев во затвор
Борис Бекер излезе од затвор на крајот на 2022-ра година и се врати во родната Германија, па сега како слободен човек може да ужива во сите погодности кои ги има како поранешен врвен тенисер.
Легендарниот Германец мина низ најтешкиот период во животот и сега се уште се рехабилитира од затворските денови кои ги мина во Англија, а за време на кои добил огромна поддршка од својот пријател.
Бекер открива дека Новак Ѓоковиќ направил нешто што сега прави засекогаш да биде дел од неговото семејство, бидејќи додека тој бил во затвор, Србинот буквално ги издржувал неговите најблиски.
„Ѓоковиќ беше мој пријател, но сега е дел од моето семејство после тоа што го направи. Новак ме поддржа мене додека бев во затвор, тој буквано го издржуваше моето семејство. Плачев во завтор кога го освои Вимблдон и останатите турнири минатата година. Горд сум што еден од најголемите на сите времиња е дел од мене. Сите знаете дека јас и Новак имавме долгогодишна соработка, а прекинавме спогодбено во 2016-та година. Сепак, секогаш останавме блиски, а посебно за време на мојот притвор“, открива Бекер.