Бекер четврти пат стана татко, првпат доби ќерка

Добри вести пристигнаа од Италија, легендарниот тенисер Борис Бекер објави дека повторно станал татко.

Среќната вест ја сподели поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи, на сликата се гледаа рацете на Борис Бекер, неговата сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро и малата рака на неговата новородена ќерка. Тој го наведе и датумот на раѓање, но и името на детето – Зои Виторија Бекер.

Борис Бекер неодамна откри во интервју за „Билд“ дека тој и неговата сопруга решиле да изненадат со полот на детето. Таткото на три сина и една ќерка се пошегува дека е „совршено подготвен“.