Белами: Мечот со Македонија е од огромна важност за нас

Во очекување на утрешниот натпревар со нашата фудбалска репрезентација, денеска прв на прес-конференција се појави селекторот на Велшаните, Крег Белами. Тој зборуваше за огромната важност на утрешниот дуел за неговиот тим, особено за обезбедување подобро место во бараж натпреварите во март.
„Што и да кажеме, ова за нас е еден голем натпревар, огромен. Мислам, можам да ве излажам ако сакате и да ви кажам дека не е така, но знаете, ајде, да завршиме втори и да имаме домашен натпревар во плеј-офот, тоа е голем влог. Ако завршиме четврти, натпреварот на гости и тимовите што може да ги добиеме како противници ќе бидат многу поопасни. Научив доста од она што се случуваше на натпреварите со вакви репрезентации како Македониа, и морам да бидам искрен, играјќи дома, и со моето искуство од гледањето на репрезентацијата на Велс низ годините и можноста да се квалификуваме за големи турнири преку плејофот, тоа ќе биде огромна предност за нас. Затоа ќе се обидеме да направиме сè што можеме утре. Се надевам на победа и во март ќе ја имаме и таа предност во плеј-оф полуфиналето“, изјави селекторот на Велс, Крег Белами.
Прес-конференцијата на нашата репрезентација е закажана за 19.15 часот.