Белгиецот Витсел заминува од Дортмунд по четири успешни сезони

Тренерот на Борусија Дортмунд, Марко Розе потврди дека 33-годишниот играч од средниот ред Аксел Витсел ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона.

„Витсел е одличен играч, одигра многу големи натпревари за Борусија. Сепак, решивме да не го продолжиме договорот со него“, изјави Розе.

Аксел Витсел за германскиот клуб настапува од 2018 година. Белгискиот играч за врска постигна 13 гола и даде шест асистенции на 144 натпревари за Борусија Дортмунд. Во Германија, Витсел го освои Купот и Суперкупот на Германија. Од 2008 година, играчот од средниот ред е повикан во белгиската репрезентација.