Белгиецот Доку пред потпис со Манчестер Сити

Напаѓачот на Рен, Џереми Доку наскоро ќе му се приклучи на Манчестер Сити.
Според последните информации, трансферната сума на 21-годишниот напаѓач ќе биде 60 милиони евра и тој неделава ќе биде подложен на лекарски преглед.
Доку оваа сезона веќе заигра за Рен во француската Лига 1 и успеа д апостигне еден гол. Манчестер Сити подолго време го има на радарот, па во финишот на преодниот рок се реши да оди со сериозна понуда за него.