Белгиецот Локонга потпиша за Арсенал

Самби Локонга ќе биде ново засилување за Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.

21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација. Локонга оваа сезона настапи на 31 меча за Андерлехт на кои постигна 3 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.

Арсенал успеа да ја победи конкуренцијата и веќе го договорил неговиот трансфер. „Топџиите“ за неговиот потпис на Андерлехт ќе му платат 21 милиони евра со вклучени бонуси.