Белгијците се разединети, дури и од Катар не се вратија со ист авион
Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот, откако испадна во групната фаза, а беше еден од фаворитите. Уште за време на групната фаза се појавија информации за лоша атмосфера во тимот, а поделбите и расколот продолжува и после елиминацијата.
Имено, петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со тимот дома и си вратиле со индивидуални авионски билети. Станува збор за Томас Муние, Аксел Витсел, Џереми Доку, Артур Тете и Луис Опенда.
Се појавија информации дури и за физички пресметки по поразот од Мароко, но беа демантирани, а селекторот Мартинес си поднесе оставка после елиминацијата.