Белград сака да го организира Ф4 на Евролигата во 2026 година

Главниот град на Србија поднесе кандидатура за организација на завршниот турнир во Евролигата во 2026 година, а тоа го потврди српскиот претседател Александар Вучиќ.

Белград досега двапати беше домаќин на Ф4-турнирот во елитното натпреварување, и тоа во 2018 и 2022 година, а сега сака да биде организатор и по трет пат.

Србија во последните две години има две екипи во Евролигата, и тоа Партизан кој го заслужи своето место со титула во АБА-лигата, додека Црвена Звезда доби специјална покана.