Белингем добива нов договор со Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд планира да и понуди нов договор на својата млада ѕвезда Џад Белингем. 18-годишниот талент се наметна како главен играч на „жолто-црните“ и се развива со исклучително брзо темпо. Ова веднаш го привлече вниманието на европските гиганти, но Дортмунд нема намера лесно да го испушти и затоа се надеваат дека ќе го врзат долгорочно, пренесе „Фудбал инсајдер“.

Белингем оваа сезона одигра 40 натпревари, со 6 гола и 13 асистенции. Со добрите настапи стигна до репрезентацијата на Англија, откако веќе забележа 12 натпревари за „Трите лава“.

Ова е причината за огромниот интерес за Белингем, кој го посакуваат Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Ливерпул. Се зборува дека Белиот балет и тимот од Мерсисајд веќе имаат подготвено дури и понуди за него од 100 милиони евра за лето.

Затоа Борусија бара опција да ги одбие кандидатите за младиот Англичанец. Така, клубот реши да му понуди нов договор со подобри финансиски параметри и подолго траење, иако Белингем повторно потпиша со Дортмунд во летото 2021 година и неговиот актуелен договор е до 2025 година.