Белингем: Имавме среќа што примивме само три гола

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, смета дека победата на Арсенал е целосно заслужена, па дури и призна дека неговиот тим се спасил од потежок пораз на „Емирати“. Реал Мадрид загуби со 0:3 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите и е на прагот на елиминација од турнирот.

„Факт е дека не бевме блиску до позитивен резултат. Домаќините, пак, беа многу добри. Јасно е дека два гола беа постигнати од слободни удари и се резултат на висока индивидуална мајсторија, но искрено, можеа да постигнат и повеќе. Имавме среќа што примивме само три гола. Сепак, претстои реванш и веќе размислуваме за тоа. Свесни сме дека ќе треба да направиме нешто неверојатно, нешто лудо. Но, ако тоа може да се случи некаде, тоа би било само на нашиот стадион „Сантијаго Бернабеу“, рече Белингам.

Да потсетиме, реваншот ќе се одигра во Мадрид на стадионот „Бернабеу“ на 16 април.