Белингем преферира да потпише за Реал, отколку за премиерлигашите

Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.

Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра. Споменатите клубови нема да жалат пари за неговиот потпис, но англискиот талент веќе го избрал следниот клуб.

Имено, Белингам сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и поради тоа е спремен да ги одбие клубови од Премиер лигата.

Интересно е што Англичанецот во фокусот го става својот спортски развој, а не финансиските параметри, па е спремен да ги одбие другите клубови кои му нудат повисока плата.