Белингем ризикува казна и до 12 натпревари!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем доби црвен картон поради пцовка упатена на судијата. Првичната верзија беше дека му рекол на судијата „Со почит, изгуби се!“ Но, се покажало дека тоа не е сè, што го потврди и самиот судија Мартинес Мунуера.
Белингем рече дека треба да се изгубам, јас молчев. Тој продолжи, ми ја навреди мајка ми без која останав и одлучив да го исклучам. Ме нарече кучкин син. Знам дека мајка ми не е кучка, затоа одлучив да го исклучам – рече Мунуера.
Следи истрага, а максималната казна за ваков прекршок е дури 12 натпревари. Ако би уследила таа казна, 12-от натпревар би бил Ел Класико во Барселона на 11 мај.