Белингем ризикува казна од Европската фудбалска централа
УЕФА нема да го казни репрезентативецот на Англија, Џуд Белингам, кој по голот на мечот со Словачка во осминафиналето на Европското првенство имаше непристоен гест во пределот на гениталиите.
Играчот на „Гордиот Албион“ веднаш по средбата се обиде да се оправда дека тој потег бил само шега наменета за неговите пријатели на трибините.
Сепак, УЕФА, најави дека ќе поведе дисциплинската истрага. Медиумите се убедени дека Белингем нема да биде санкциониран.