Белингем се израмни по вредноста на пазарот со Халанд и Мбапе
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, се израмни со напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд и напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе по пазарната вредност по најновото ажурирање од онлајн порталот Трансфермаркт.
По денешното ажурирање, пазарната вредност на 20-годишниот Англичанец се зголеми за 30 милиони евра и изнесува 180 милиони евра. Порталот исто толку ги цени 23-годишниот Халанд и 25-годишниот Мбапе.
Белингем во последниот преоден рок од Борусија Дортмунд се пресели во Реал Мадрид за 103 милиони евра. Сезонава играчот од средниот ред одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и пет асистенции. Договорот на играчот со мадридскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2029 година.