Белингем шест години во Реал Мадрид

Реал Мадрид го официјализира потписот со досегашниот играч на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем, кој во кралскиот клуб ќе остане во наредните шест години.

Според објавите од Реал Мадрид, 19-годишниот Англичанец, пред фудбалската јавност ќе биде претставен во текот на утрешниот ден. Белингем ќе биде еден од најскапо платените фудбалери во мадридскиот клуб. Целосната сума која Реал како обештетување ќе му ја плати на Борусија Дортмунд ќе достигне 130 милиони евра.

Белингем за англиската репрезентација има одиграно 24 натпревари и постигнат еден гол.