Белоти потпиша за Рома, потпиша договор на една сезона

Многу посакуваниот уште еден напаѓач на Жозе Мурињо во Рома сега е достапен откако клубот денеска го финализираше потписот со Андреа Белоти.

Италијанскиот интернационалец пристигнува како слободен играч по заминувањето од Торино во текот на летото.

Сепак, донекаде е чуден неговиот договор со „волците“ кој е само за една сезона. Договорот има опција да се продолжи за уште две, но само доколку се исполнат одредени услови. Сето тоа при ситуација кога Белоти има само 28 години.

Во последната кампања „Петелот“, како што е познат играчот, реализираше нетипично малку голови за себе – само осум.