Белоти следното лето се сели во Милан

На голгетерот на Торино, Андреа Белоти, следното лето му истекува договорот со екипата и би можел како слободен играч да пристигне во Милан.
Во последниве денови се интензивираа шпекулациите за ваквиот трансфер, па дури и се споменува дека 28-годишниот голгетер набрзо ќе потпише преддоговор со „Росонерите“.
Од Милан очекуваат дека висината на платата за Белоти не би требала да биде проблем и дека тој ќе биде одлична конкуренција за Ибрахимовиќ и Жиру во нападот на тимот.