Бенасер го пропушта миланското дерби

Тренерот на фудбалерите на Милан, Стефано Пиоли, изјави дека играчот за врска, Исмаел Бенасер се повредил на првиот натпревар од шеснаесеттина финалето во Лига Европа против Црвена Ѕвезда (2-2). Тоа ќе го спречи да учествува на дербито со Интер од 23. коло во Серија А. „Го изгубивме Исмаил, тој има проблеми со мускулите“, потенцираше кратко Пиоли. Бенасер во сезонава запиша 20 натпревари за Милан и направи 4 асистенции. Градското дерби меѓу Милан и „нероаѕурите“ се игра денес од 15.00 часот.