Бенасер ставен на трансфер листа во Милан

Милан е спремен ова лето да слушне понуди за Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.

Бенасер одигра клучна улога во освојувањето на Скудетото пред две години, а минатата сезона беше еден од најдобрите и стави потпис на нов договор. Меѓутоа, оваа сезона отсуствуваше долго време и го загуби првотимскиот статус, па „росонерите“ се спремни да го продадат на лето.

За него интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата и доколку некој понуди 50 милиони евра Милан е спремен да ја прифати понудата.