Бенасер ќе добие нов договор во Милан
Милан постигна договор со Исмаил Бенасер за продолжување на соработката, пренесува „Газета дело Спорт“.
24-годишниот Бенасер игра одлично и во последните сезони се промовираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А. Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан сака да го награди за добрите партии со побогат договор.
Последните информации се дека двете страни постигнале договор и Бенасер ќе стави потпис до 2026 година.
Алжирецот во договорот има откупна клаузула од 50 милиони евра, која ќе биде избришана со новиот договор.