Бензема во нова караница со Гаљардо, неговото заминување се поизвесно

Карим Бензема прави нови проблеми во Ал Итихад, откако во понеделникот се скарал со тренерот Гаљардо, а потоа го напуштил тренингот.
Според „Марка“, аргентинскиот стратег го испратил 36-годишниот Французин да тренира индивидуално, што не му се допаднало на Бензема, па го напуштил тренингот.
Бензема веќе некое време е незадоволен во Саудиска Арабија и бара начин како да си замине и да се врати во Европа.
Французинот не беше вклучен во составот на Ал-Итихад за натпреварот против Ал-Таи во 19. коло на шампионатот на Саудиска Арабија.