Бензема го советува Флорентино да купи фудбалер кој игра во Саудиска Арабија

Карим Бензема веќе долго време е во Саудиска Арабија, но осгана во добри односи со луѓето во Реал Мадрид, особено со претседателот Флорентино Перез.

Французинот ја забележал кризата во која се наоѓа Реал, му понудил на Перез фудбалер за кој смета дека би бил од голема корист за Карло Анчелоти.

Станува збор за 22-годишниот Габриел Веига, кој моментално игра за Ал-Ахли. Тој е поранешен младински репрезентативец на Шпанија, кој има 17 настапи и 2 постигнати голови за својата земја.

Неговата моментална вредност на трансфер-маркетот е 25 милиони евра, а може да делува и во офанзивна и во дефанзивна улога.