Бензема: „Ел Класико“ уште е најголем натпревар во светот

Карим Бензема смета дека квалитетот на „Ел Класико“ не е намален.

Роналдо претходно го напушти Реал Мадрид, ова лето си замина и Серхио Рамос како и Меси од Барселона. Поради тоа многумина сметаат дека „Ел Класико“ оваа сезона ќе биде далеку послабо.

„За мене се остана исто. Ел Класико и понатаму е најдобриот натпревар на планетата. Не е важно кои играчи доаѓаат и си одат. Имињата се менуваат, претходно тука беа Зидан, Роналдињо, Ето, Роналдо…“.

Бензема ја коментираше и кризата во која се наоѓа Барселона.

„Во такви натпревари не се гледа формата, тоа се посебни натпревари во кои се е можно“, истакна Французинот.