Бензема е МВП на сезоната во Лигата на шампионите

Карим Бензема е прогласен за МВП во Лигата на шампионите а неговиот соиграч од нападот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, ја доби наградата за најдобар млад фудбалер, потврди УЕФА.
По финалето во Париз во кое „кралевите“ го совладаа Ливерпул со минимални, 1-0, Европската куќа на фудбалот традиционално го одреди идеалниот тим на сезоната.
Голман е Куртоа (Реал Мадрид), во одбраната се вметнати: Александар-Арнолд (Ливерпул), Рудигер (Челзи), Ван Дајк (Ливерпул) и Робертсон (Ливерпул), во средниот ред се запишани Де Бруин (Манчестер Сити), Модриќ (Реал Мадрид) и Фабињо (Ливерпул) додека место во нападот добија, Мбапе од ПСЖ заедно со Бензема и Винисиус од Реал Мадрид.