Бензема најдобар за септември

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема беше избран за најдобар играч во шпанската Примера за месец септември. Французинот во дресот на Реал, за овој период одигра 4 натпревари во Ла Лига, со постигнати 6 гола и обезбедени 4 асистенции.

Од стартот на сезоната, 33-годишниот напаѓач има вкупно 9 гола и 7 асистенции во Примера и еден гол во Лигата на шампиони.

Карим Бензема е со номинација и за наградата Златна топка.

https://twitter.com/RMadridHome/status/1446828766219624448?s=20