Бензема нема сериозна повреда, но ќе го скокне само дуелот со Интер

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, кој беше принудно заменет на дербито со Реал Сосиедат, нема потешка повреда, но, ќе мора да мирува одреден период, потврдиле лекарски прегледи.

Французинот кој дефинитивно нема да игра на денешниот меч со Интер во Лигата на шампионите, веројатно ќе биде подготвен за градското дерби со Атлетико во Примера Дивизион.

Според шпанските медиуми, Бензема ја започнал рехабилитацијата под будноот око на лекарскиот тим на „кралевите“.