Бензема не игра против Џирона

Реал Мадрид преку својот официјален веб сајт соопшти дека капитенот на тимот, Карим Бензема, поради повреда на стапалото нема да настапи на денешниот натпревар против Џирона.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, има големи проблеми со повредени играчи, па така за настап против Џирона не може да рачуна ниту на Давид Алаба, Еден Азар, Дани Себаљос и Ферлан Менди.

Анчелоти во изјава за новинарите кажа дека Бензема ќе игра против Алмерија претстојниот викенд доколку целосно се опорави од повредата. Италијанскиот стручњак потенцира дека тој е многу важен играч за тимот, кој во претходните натпревари играше фантастично и не се штедеше на истите. Тој повторно ќе биде во тимот кога тоа ќе биде возможно.