Бензема одбил да прими награда само заради Дешамп

Франција на четворица свои поранешни репрезентативци ќе им искаже почит за време на квалификацискиот меч против Холандија, кој е закажан за 24 март.
Пред натпреварот на теренот ќе излезат Рафаел Варан, Хуго Лорис, Стив Манданда и Блес Матуиди кои ја завршија кариерата во репрезентацијата.
Тренерот Дидие Дешамп во интервју за „Ле Паризиен“ призна дека покана била упатена и до освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема, но тој одбил да присуствува на свеченоста, само поради лошиот однос со селекторот.