Бензема ја залечи повредата, се враќа за дуелот против Селта

Карим Бензема целосно се опорави од повредата на потколеницата која го спречи да настапи на натпреварот од 29. коло на шампионатот на Шпанија со Барселона (0-4).
Тоа значи дека напаѓачот ќе може да настапи на следната средба на Реал Мадрид по пауза за настапите на репрезентациите. Бензема оваа сезона постигна 30 голови и имаше 12 асистенции на 33 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања. Тој стана најдобар стрелец во историјата меѓу француските играчи.
Реал Мадрид по 29 кола е на врвот на табелата во шпанското првенство со 66 бодови. Реал Мадрид во следното коло ќе се соочи со Селта Виго. Средбата е закажана за 2 април.