Бенитез кандидат за клупата на Ботафого

Шпанскиот фудбалски тренер, Рафа Бенитез, може да го предводи составот на Ботафого, пренесуваат денеска дел од медиумите.

Според наводите, бразилскиот тим има тројца кандидати меѓу кои влегува и трофејниот стратег. Засега Бенитес не се изјаснил дали ќе се пресели во Јужна Америка. Тој нема ангажман од претходниот март кога ја напушти Селта Виго.

Шпанецот беше тренер на Реал Мадрид, Наполи, Интер, Валенсија и Ливерпул. Со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите во 2005 година.