Бенитез фаворит за нов американски селектор
64-годишниот фудбалски стратег, Рафа Бенитез, може да прифати понуда да седне на кормилото на селекцијата на САД, пренесе денеска -„ЦБЅ Спортс“.
Тој треба да го наследи Грек Белхатлер, кој на 11 јули доби отказ по неуспешниот настап на Копа Америка. Бенитез кој на времето работеше во Реал Мадрид и Ливерпул, последен пат беше активен во екипата на Селта.
Специјалистот беше и во Евертон, кинески Далијан Про, Њукасл, Наполи, Челзи, Интер и Валенсија. Бенитез досега нема работено како селектор.