Бентакур ги смири фановите по страшниот пад среде натпревар
Фудбалерот од средниот ред на лондонски Тотенхем, Родриго Бентанкур , кој тешко се повреди на првиот полуфинален натпревар со Ливерпул (1-0), на својата страница на социјалните мрежи објави фотографија на која ја откри неговата состојба по престојот во болница.
„Се е во ред! Ви благодариме за пораките! Честитки за победата“, напиша на фотографијата Бентанкур на својата страница на социјалната мрежа.
Да потсетиме, во седмата минута од натпреварот при нафрлувањето од корнер Бентанкур лошо се приземји по скокот и падна на неговиот врат и се повреди. Фудбалерот не можеше сам да стане, а лекарите мораа да го однесат играчот на носилки. Паузата која настана на натпреварот траеше 10 минути.