Бенфика веќе има понуди од 127 милиони евра за Енцо Фернандез

Португалските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Бенфика добил две понуди од по 127
милиони евра за аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.
Фернандез неодамна со Аргентина ја освои титулата на Мундијалот во Катар, а тој според
многумина беше издвоен како еден од најдобрите фудбалери на гаучосите.
Фернандез е член на Бенфика од Лисабон каде пристигна во јуни оваа година од Ривер Плата за
околу 10 милиони евра плус бонуси. Според медиумите Аргентинецот во договорот со Бенфика
има откупна клаузула од 127 милиони евра, и наводно клубот веќе добил две понуди во висина на
оваа сума и можно е веќе во јануари Фернандез да го напушти Лисабон.
Доколку овај трансфер се реализира, тогаш Бенфика за шест месеци ќе заработи извонредни 115
милиони евра, а Ривер Плата има право на 25% од тој трансфер.