Бенфика се пофали со потписот на Белоти
Бенфика и официјално го објави потписот со напаѓачот Андреа Белоти, кој до крајот на сезоната пристигнува на позајмица од Комо. Тој во својот нов клуб ќе го носи дресот со број 19.
Белоти (31) беше донесен во тимот на Сеск Фабрегас минатото лето. Сепак, тој беше со статус на резерва, забележа само 650 минути на 19 натпревари, на кои постигна само 2 гола. Белоти досега играше само во Италија, а покрај тимот на Комо ги носеше и дресовите на неговиот матичен клуб Албинолефе, Палермо, Торино, Рома и Фиорентина.
Покрај тоа, тој има 44 натпревари со 12 гола и 7 асистенции за италијанската репрезентација со која триумфираше на Евро 2020 година.