Бенчиќ го освои турнирот во Абу Даби

Швајцарката Белинда Бенчиќ победи на ВТА 500 турнирот во Абу Даби.

Во денешното финале 157-та светска тенисерка ја победи Американката Ешлин Кругер (51-ва на ВТА листата) во три сета со резултат 4-6, 6-1, 6-1.

Мечот траеше 2 часа и 21 минута.

Поранешниот светски рекет број 4, Бенчиќ го освои својот деветти ВТА турнир и прв од февруари 2023 година.

Турнирот во главниот град на Обединетите Арапски Емирати се играше за награден фонд од еден милион евра. з