Бен Вајт се повреди, ризикува да го скокне и Мундијалот

Фудбалерот на Арсенал Бен Вајт ќе ги пропушти натпреварите за својата екипа до крајот на сезоната, вклучувајќи го и финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.

Дефанзивецот беше заменет за време на натпреварот против Вест Хем пред два дена. Неговата повреда е на десното колено, а „Атлетик“ објави дека е се сомневаат во оштетување на медијалниот колатерален лигамент. Доколку се потврди, тој би можел да биде исклучен и од составот на Томас Тухел за Светското првенство 2026.

Проблемот е сериозен за Микел Артета, бидејќи Тимбер исто така сè уште не се опоравил целосно иако се најавува неговото враќање.

Вајт започна во секој од последните пет натпревари на Арсенал, вклучувајќи ги и двата полуфинални натпревари во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Се чини веројатно дека Кристијан Москера ќе биде преместен на позицијата десен бек доколку Тимбер не се опорави на време за финалето.

Претходно оваа година, Томас Тухел го врати Вајт во националниот тим, играјќи за Англија за прв пат од Светското првенство во 2022 година.