Бен Шелтон го освои турнирот во Минхен

Американскиот тенисер Бен Шелтон го освои АТП турнирот во Минхен, откако во финалето го совлада Флавио Коболи со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-5.

Мечот траеше еден час и 31 минута, а Шелтон уште еднаш ја потврди својата одлична форма и позицијата меѓу најдобрите во светот.

Ова беше нивни шести меѓусебен дуел, а Шелтон стигна до четвртата победа во тие пресметки.

Со триумфот во Минхен, тој ја освои својата петта титула во професионалната кариера.

За Шелтон, ова беше прва титула на земјена подлога.