Бепе Марота го краде Рабио од Јуве
Интер се вклучи во трката за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.
Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.
Интер сака да ја искористи таквата ситуација, а познато е дека Марота е експерт за привлекување на слободни агенти.
„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со агентот на Рабио и сакаат да го доведат без обештетување, а така и да му нанесат удар на најголемиот ривал.