Бепе Марота го носи Марсијал бесплатно во Интер

Интер е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, пренесуваат медиумите на Островот.

Французинот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добиваше голема минутажа кај Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари бидејќи не сакаат да го загубат без обештетување на крајот на сезоната.

Договорот на Марсијал истекува во јуни 2024 година, а идејата на Интер е во јануари да постигнат договор со неговиот агент и да го доведат без обештетување.