Берат Имери си поднесе оставка, Беса ќе добие нов тренер

Иако дојде пред само неколку кола, Берат Имери не издржа многу на клупата на македонскиот прволигаш. По денешниот пораз од Струга Трим Љум, тој си поднесе оставка од тренерската позиција.

„Берат Имери поднесе оставка од тренерската функција. Имери изјави дека ја презема одговорноста за негативните резултати на тимот со поднесување на тренерска оставка и воедно му посакува успех на клубот во иднина“, објави Беса.

Имери е вториот тренер оваа сезона кој заминува од Беса. Сезоната ја почна Александар Таневски, кој со тимот обезбеди историски пласман во елитата.