Бердих нов селектор на Дејвис Куп репрезентацијата на Чешка

Томаш Бердих е новиот селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Чешка, соопшти денеска Тенискиот сојуз на оваа земја.

Бердих го замени Јарослав Навратил како селектор на Чешка.

Чешка не успеа да се пласира на завршниот турнир од Дејвис купот, откако на турнирот во Валенсија забележа порази од Австралија, Франција и Шпанија.

-Во Дејвис купот доживеав незаборавни моменти од мојата тениска кариера. Ниту еден момент не се двоумев да ја прифатам понудата, изјави Бердих по тој повод.