Берлускони продава дел од акциите во Монца

Првиот човек на фудбалскиот состав Монца, Силвио Берлускони, сака да продаде дел од акциите за да донесе „свеж“ капитал и да ги покрие зголемените трошоци со играњето во Серија А.
Тој бара инвеститори кои ќе му помогнат на семејниот холдинг – „Фининвест“ во покривање на растечките трошоци потребни за поддршка на Монца.
Поранешниот италијански премиер го презеде клубот 2018 година кога играше во третолигашката конкуренција.