Бернардо Силва размислува за нов предизвик по Манчестер Сити
Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е неизвесна, а Португалецот и минатото лето размислуваше да ја промени средината. Бернардо Силва оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а сега откри дека минатото лето имал понуди и размислувал да ги прифати.
Бернардо Силва има договор со Сити до 2025 година, а „граѓаните“ сигурно нема лесно да се откажат од него и ќе направат се за да го задржат.
Меѓутоа, португалските медиуми пренесуваат дека на Силва му се допаѓа идејата да се пресели во Примера, бидејќи така ќе биде поблиску до семејството.
Негова најголема желба е да игра за Реал Мадрид, но е спремен да прифати понуди и од Барселона и Атлетико бидејќи сака да се пресели во Шпанија.