Бернардо Силва се повреди на мечот Португалија – Данска

Репрезентативната пауза носи проблеми за дел од клубовите поради повреди на фудбалери, во Реал Мадрид веќе има два такви случаи.
Најпрво се повреди Чуамени кој веднаш се врати во Мадрид и не одигра ниту еден натпревар за Франција.
А синоќа повреда заработи и Бернардо Силва во дуелот меѓу Португалија и Данска.
Информациите велат дека тој нема да игра против Велс и ќе се врати во Мадрид каде ќе отиде на детални испитувања по кои ќе се знае дали и колку ќе отсуствува.