Бернардо Силва: Сити не се откажува од титулата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, се осврна на викенд-победата на теренот на Ливерпул во дерби дуелот на Премиер-лигата на Англија.
„Нерешено тука е обично добар резултат за повеќето тимови но, сакавме да го постигнеме победничкиот гол. Кога постигнав гол, бев среќен но знаев дека морам да се вложам повеќе.
Мислам дека целиот тим знаеше дека ако го изгубиме овој натпревар, трката за пехарот ќе заврши. Ќе се бориме до самиот крај“, рече Силва.